Њујоршкиот маратон во 2026 година стана најмасовниот маратон во историјата, со рекордни 61.146 учесници кои ја минаа целта во Централ парк. Јубилејното 50. издание на трката со патека низ петте њујоршки општини постави нови стандарди во светското маратонско трчање.
Њујоршкиот маратон продолжува да ги поместува границите на масовното учество во атлетиката. Според официјалните податоци на организаторот „Њујорк Роуд Ранерс“, на стартот се појавиле 61.529 натпреварувачи, што значи дека само мал дел од пријавените не успеале да ја завршат трката. Со тоа, Њујорк по третпат во низа го подобри сопствениот рекорд по бројот на маратонци кои ја минале целта.

