Ландо Норис вели дека ограничувањето на потрошувачката на батеријата драстично влијае на начинот на престигнување на патеката.
„Дури иако е само 0,2 секунди – едноставно го имате истото ограничување на брзината како и вашиот противник и ништо не можете да направите во врска со тоа. А тоа ги убива трките“ – вели возачот во Формула 1.
„Дефинитивно треба да се направи нешто до наредната сезона. Само треба да ја зголемиме максималната брзина на која е поставен ограничувачот, тоа е сè“ – беа зборовите на Норис.

