Ендру Шовлин кој е задолжен за развој на болидите на Мерцедес, изрази сомнежи дека германскиот тим може да ја повтори победничката серија кај конструкторите.
„Мислам дека ситуацијата е тешка а конкуренцијата е многу блиско. Видовме силни настапи на Ферари, Мекларен се покажа добро во Бразил а Ред Бул на последните трки во целина“ – вели Шовлин.
„Верувам дека ќе биде практично невозможно да се повтори осумкратната серија со оглед на воведувањето на ограничувањата на буџетот на тимовите“ – рече инжинерот на Мерцедес.

