Торонто Репторс ќе мора да продолжат без својот најголем адут, Кавај Ленард, кој ќе отсуствува најмалку уште една недела поради проблемите со левото колено.
Канадскиот клуб соопшти дека искусниот крилен кошаркар продолжува со процесот на рехабилитација и враќање во натпреварувачки ритам, по третманот за отокот на левото колено. Нови информации за неговата состојба се очекуваат за една недела, што значи дека засега нема конкретен датум за неговото враќање на теренот.
Ленард настапи само на првите два натпревари на Торонто во новата сезона, на кои просечно бележеше 19,5 поени, 7,5 скока и 1,5 асистенции за 25,8 минути игра. Последниот настап го имаше на 24 октомври, по што проблемите со коленото го оддалечија од паркетот.

