Предводникот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар ја запиша првата победа на клупата на Еурофарм Пелистер на меѓународна сцена. Синоќа во Битола домашната екипа беше подобра од бундеслигашот Гумерсбах, иако на полувреме гостите имаа позитива од пет гола (29:28).
Со овој триумф Еурофарм Пелистер ги задржува шансите за пласман во следната фаза, а Лино Червар истакна дека е горд на своите момци и среќен на освоените бодови.
„Беше тежок, многу тежок натпревар. Но, сакам да ѝ се заблагодарам на нашата публика. Честитки за играчите, ова е голема победа. Да победиш германска екипа не е мала работа. Имавме пет гола негатива, требаше да се врати екипата, а тоа беше еден голем предизвик за сите нас. Но, требаше да ѝ се даде едно вакво задоволство на битолската публика. Ова е голема победа, но за два дена имаме нов тежок натпревар против Алкалоид, па следува Охрид. Затоа немаме многу време за славје, иако ова е една многу убава вечер. Задоволен сум и среќен сум за Битола, за луѓето кои овде ме примија многу убаво. Секогаш велам дека тимот е најдобриот играч, а вечерва таков беше нашиот тим“, рече Червар по натпреварот.

