Фудбалската репрезентација на Грузија испиша негативна страница во својата историја, откако групната фаза во Лигата на нации ја заврши без ниту еден постигнат гол на шест натпревари. Грузијците забележаа две нерешени средби и четири порази, со гол-разлика од 0:5, освојувајќи само два бода во групата Б2.
Последниот пораз го претрпеа од Украина со 1:0, а единствениот гол беше постигнат уште во првата минута од натпреварот. Претходно загубија од Северна Ирска и Унгарија, додека со Украина и Северна Ирска одиграа без голови.
Така, селекцијата предводена од Вили Сањол го заврши натпреварувањето на последното место и ја потврди една од најлошите серии во поновата историја на репрезентацијата. За одбележување е тоа што Македонија исто така е во најлоша серија на порази, со таа разлика што ние постигнавме 1 гол, но примивмe дури 15.
За двете селекции е заедничко што последната победа ја имаа остварено во септември 2025 година, тогаш Македонија го победи Лихтенштајн со 5:0.

