Ракометарите на Алкалоид славеа против Еурофарм Пелистер со 30-28 во дербито од 11. коло во македонската Суперлига, со што ја продолжија борбата за самиот врв на табелата.
Избраниците на Кирил Лазаров го контролираа поголемиот дел од натпреварот. По израмнетиот почеток, Алкалоид направи серија со која на пауза замина со предност од 14-10.
Домаќините продолжија во ист ритам и во второто полувреме, стигнувајќи до највисоки шест гола предност – 19-13. Пелистер, сепак, не се предаде и во завршницата успеа да ја намали негативата на само три гола, но немаше сили за целосен пресврт.
Никола Костески беше најефикасен кај Алкалоид со седум погодоци, а кај битолчани, Филип Кузмановски постигна исто така седум гола.

