Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер го совлада Гдањск и остана во игра за второто место во групата
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер го совлада Гдањск и остана во игра за второто место во групата

    risteBy riste24/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во групната фаза на Европската лига на ЕХФ, откако во Битола убедливо го совладаа лидерот Гдањск со 34-27. Македонскиот претставник одигра одлично прво полувреме, кое го доби со шест гола предност (20-14), а во продолжението успешно ја контролираше играта и резултатот.

    Битолчани одиграа енергично, со цврста одбрана и многу подобра реализација во нападот, не дозволувајќи му на полскиот тим да ја наметне својата игра. Предноста од шест гола на паузата беше одлична основа, а во вториот дел Пелистер ја задржа контролата и заслужено стигна до значајните бодови.

    Со победата, Пелистер не само што ја прекина серијата на полскиот состав туку и ја врати неизвесноста во борбата за местата кои водат понатаму. Кузмановски со осум гола беше најефикасен кај нашиот тим, пет имаше Петар Атанасијевиќ, а Видомски, Пешевски и Хагбарт завршија со по четири погодоци. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пелистер пред сериозен испит: Гдањск е пречката до европската пролет!

    24/11/2026

    Ракометарките со засилено темпо пред ЕП и турнирот во Турција

    23/11/2026

    Одлично деби на Талески во Швајцарија

    23/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Еурофарм Пелистер го совлада Гдањск и остана во игра за второто место во групата
    • Пелистер пред сериозен испит: Гдањск е пречката до европската пролет!
    • Ембиид не се појави на паркетот
    • Јокиќ и Дејвис добија посебно признание
    • Фабреагс : Ништо нема да менуваме
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.