По пет одиграни кола во Европската лига на ЕХФ, во групата каде што е Еурофарм пелистер првата позиција ја делат Гумерсбах и Вибжеже Гдањск, екипи кои што ќе се судрат во последната рунда, а Еурофарм Пелистер ќе гостува во Шпанија кај Ла Риоха.
На битолчани потребна им е победа за да обезбедат виза за втора фаза, без разлика на исходот на дуелот во Полска. Во случај трите екипи да имаат по седум бода (победа на Пелистер и реми во Полска), пласман понатаму ќе обезбеди македонскиот тим, бидејќи има подобар скор во количникот на меѓусебните дуели со двата ривали.
Еурофарм Пелистер се квалификува во следната фаза ако:
– Победи на гости кај Логроњо Ла Риоха и на натпреварот Вибжеже Гдањск – Гумерсбах има победник
– Ремизира на гости кај Логроњо Ла Риоха, а Вибжеже Гдањск загуби од Гумерсбах
– Ако победи на гости кај Логроњо ла Риоха и натпреварот Вибжеже Гдањск – Гумерсбах заврши без победник.
*Тогаш се формира круг од три екипи (Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Вибжеже Гдањск) со по 7 бод. Тогаш пласманот се решава според мини-табелата од меѓусебните дуели на тие три екипи (бодови, гол-разлика, па повеќе постигнати голови во меѓусебните средби). Во таа мини-табела Еурофарм Пелистер би имал пет бода, Вибжеже Гдањск четири, а Гумерсбах три и пелистерци би завршиле на првото, а Полјаците на второто место.
Датумот на одлука е први декември, а двата натпревари ќе се одиграат од 18:45 часот.

