Себастијан Фетел изјави дека не ја разбира одлуката на раководството на Формула 1 да се откаже од девојките кои беа декор на стартната рамнина.
Германскиот пилот не разбира дали Ф1 направила вистинска проценка како ќе влијаат промените во спортот. Либерти одлучи дека годинава трките ќе започнат десет минути подцна за да се остави време на телевизиските канали за емитување на рекламите и Ф1 материјалите. Втор момент беше повлекувањето на убавите девојки кои ги држеа плочите со броевите на возачите. Таа одлука предизвикал одредени реакции и кај Фетел.
„Јас сум традиционалист и се држам до одредени работи. Збунет сум зошто трките започнуваат подоцна и тешко ми е бидејќи ги нема девојките“ вели Фетел