Луѓето од Мерцедес на брифингот пред трката во Бахреин, открија, дека користат три начини на работа на моторот: еден за поголемиот дел од тренинзите, вториот за квалификациите и третиот за главната трка. Секој начин може да биде регулиран за одредени ситуации.
Главната разлика е во тоа како се користи електричната енергија – дали се употребува во рамките на еден круг, дали е во режим на заштеда или пак во мешовита положба (рамнотежа помеѓу користење и обновување).
Првиот човек на екипата, Тото Волф, потврди дека високиот режим на моторите не бил користен од пилотите на Мерцедес пред третата фаза на квалификациите. Тој објасни дека предметниот режим се користи само повремено во текот на целиот викенд и дека неговата употреба зависи од движењето на конкуренцијата.