Со тројката во последната секунда на синќешниот меч против Индијана, Леброн Џејмс не само што им донесе вредна победа на Кавс во битката за место во вториот круг од плеј-офот, туку влезе и вцо историјата на НБА лигата минувајќи едно досегашно постигнување на легендарниот Мајкл Џордан.
Имено, ова беше четвртата ситуација во која Леброн со шут во последните секунди решава победник во плеј-офот во НБА лигата. Досега рекордот го држеше Џордан со три погодоци во последните секунди на плеј-оф средбите.