Актуелниот европски шампион Вардар в недела го очекува последниот натпревар оваа сезона пред своите гледачи во Лигата на шампионите.
По победата над Кил во Германија со 29:28, ракометарите на Вардар треба да го одиграат реваншот во Скопје и да го потврдат своето учество на Ф4 турнирот во Келн по втор пат. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез очекува тежок натпревар и во Скопје.
„Го играме последниот натпревар оваа сезона во Скопје, реванш против Кил. Јас мислам дека ова е второ полувреме, победивме таму со еден разлика. Тоа е добар резултат, сега треба да играме во нашата сала и пред нашите навивачки. Кил има квалитет да победи секаде , па и тука, имаат добри играчи. Тие играа одбрана 3-2-1, таму не изненадија малку со тоа . Сите мои играчи изминатите денови тренираа без проблеми и сите се подготвени за оваа многу важна средба. Сакаме уште еднаш да играме на Ф4, но ќе биде тешко. Сите мислат дека тука лесно ќе победиме, имаме притисок, но се надевам на добра игра и на крајот победа“, истакна тренерот Раул Гонзалез.