Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Раул: Мора да бидеме внимателни, ова е второ полувреме
    Ракомет

    Раул: Мора да бидеме внимателни, ова е второ полувреме

    risteBy riste27/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Актуелниот европски шампион Вардар в недела го очекува последниот натпревар оваа сезона пред своите гледачи во Лигата на шампионите.

    По победата над Кил во Германија со 29:28, ракометарите на Вардар треба да го одиграат реваншот во Скопје и да го потврдат своето учество на Ф4 турнирот во Келн по втор пат. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез очекува тежок натпревар и во Скопје.

    „Го играме последниот натпревар оваа сезона во Скопје, реванш против Кил. Јас мислам дека ова е второ полувреме, победивме таму со еден разлика. Тоа е добар резултат, сега треба да играме во нашата сала и пред нашите навивачки. Кил има квалитет да победи секаде , па и тука, имаат добри играчи. Тие играа одбрана 3-2-1, таму не изненадија малку со тоа . Сите мои играчи изминатите денови тренираа без проблеми и сите се подготвени за оваа многу важна средба. Сакаме уште еднаш да играме на Ф4, но ќе биде тешко. Сите мислат дека тука лесно ќе победиме, имаме притисок, но се надевам на добра игра и на крајот победа“, истакна тренерот Раул Гонзалез.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.