Белгиецот, Ерик Гибурс, кој дури пет пати ја освои титулата светски шампион во мото-крос, се удавил при обидот да го спаси неговото куче, објавија локалните медиуми.
Тој првично беше прогласен за исчезнат а околностите околу неговата смрт беа потврдени дури денеска. Гибурс додека се возел со моторен чамец во езерото источно од Антверпен, се нурнал да го спаси кучето кое паднало во водата и не можело да се врати на бродот.
Ќе потсетиме дека Гибурс е првиот на светов кој успеал да ги обедини титулите во мото-крос во сите три категории – 125, 250 и 500 кубни сантиметри.