Кошаркарите на Кливленд го совладаа Бостон со 111-102 и израмнија во финалната серија на Истокот на 2-2. Мечот го одбележа неверојатниот ЛеБрон Џејмс со 44 поени, а за 17 поени успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар за најмногу поени од игра во плеј-оф натпреварите.
Џејмс имаше и 5 асистенции, а шестипат ова сезона постигна повеќе од 40 поени на меч во плеј-офот, со што го изедначи рекордот на Ален Ајверсон од 2001 година.
Одлична партија кај победниците имаше и Корвер кој постигна 14 поени, додека Џорџ Хил и Тристан Томпсон уфрлија по 12. Кај екипата на Бостон со 25 поени и 6 освоени топки лидер беше Џејлен Браун, додека Џејсон Тејтум и Тери Рози погодија по 16 поени.
Следниот петти меч од серијата е на програмата во четврток рано наутро во Бостон.