Сателитскиот возач на „Ducati“ во Mото Гран При шампионатот, Тито Рабат, се чувствува добро во болницата во која беше примен по вчерашниот голем инцидент додека вршеше тестирање на новите гуми на „Michelin“ на патеката во Барселона.
Во последниот свиок на каталонската писта, моторот на Рабат избувнал во пламен и имал неколку превртувања.
Во меѓувреме неговиот тим објави дека Шпанецот не добил никакви посериозни фрактури и дека се чувствува добро.