Бугаринот, Кубрат Пулев ќе боксува со Дилијан Вајт на стадионот -„Васил Левски” во Софија. Победникот од мечот кој е закажан во август, подоцна ќе излезе на мегдан со светскиот првак, англичанецот, Ентони Џошуа.
„Ќе биде неверојатна атмосфера и меч кој ќе остане во историјата. Вајт е многу опасен ривал, но, јас ќе му покажам кој е подобар и дека боксот е интелигентен спорт за интелигентни луѓе ” – рече Пулев.
Доколку се реализира идејата на организаторот, тогаш Пулев и одличниот боксер од Велика Британија може да се појават на импровизиран ринг на стадионот во Софија пред повеќе од 50.000 гледачи.