Шампионите во Формула 1 Мерцедес и официјално објавија дека Луис Хамилтон го потпиша својот нов договор.
Договорот е за две години, а Британецот ќе добие годишна плата од 30 до 40 милиони фунти во зависност од неговите резултати. Со овој нов догово и платата која ќе ја добива, Хамилтон е најплатениот спортист во Велика Британија, но и Ф1 возач.
Хамилтон рече дека договорот е само формалност. Пилотот беше убеден дека сака да ја продолжи својата кариера со шампионите по разговорот со шефот на тимот Тото Волф минатата зима.
Откако му се приклучи на Мерцедес во 2013 година, Луис освои три титули и забележа 44 победи. До крајот на 2020 година Луис ќе има осум сезони поминати во Мерцедес. Статистиката вели дека 65-те негови победи го прават вториот најуспешен возач во Ф1 спортот, по Михаел Шумахер и најуспешен во 112-годишната натпреварувачка историја на Мерцедес.
Се очекува моменталниот тимски колега на Хамилтон, Валтер Ботас, исто така, да остане во тимот.