Селекцијата на Македонија за ракометари до 18 години ја победи Швајцарија со 32:31 во директниот дуел за првото место во групата А од ЕХФ Шампионатот и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето како првопласирана екипа од нашата група.
Откако претходно избраниците на Данило Брестовац ги победија Литванија, Фарски Острови и Луксембург, денес во директната пресметка со непоразената Швајцарија одиграа добар натпревар и стигнаа до победа. Македонија имаше предност во текот на целото прво полувреме кое на крајот го доби со 15:12.
Во вториот дел македонија имаше предност до 21:17, но тогаш почнаа проблемите, а Швајцарија успе ада направи пресврт и да дојде до водство од 22:23. Сепак на крајот одлична завршница на младите ракометари на Македонија кои дојдоа до предност од 32:30, за на крајот да го завршат мечот со победа од 32:31.
Во последното коло кое се игра в четврток, Македонија ќе биде голем фаворит за петта победа на шампионатот и потврда на првото место на меч против репрезентацијата на Естонија.