Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија подобра од Швајцарија за прво место во групата на ЕХФ Шампионатот
    Ракомет

    Македонија подобра од Швајцарија за прво место во групата на ЕХФ Шампионатот

    risteBy riste14/08/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекцијата на Македонија за ракометари до 18 години ја победи Швајцарија со 32:31 во директниот дуел за првото место во групата А од ЕХФ Шампионатот и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето како првопласирана екипа од нашата група.

    Откако претходно избраниците на Данило Брестовац ги победија Литванија, Фарски Острови и Луксембург, денес во директната пресметка со непоразената Швајцарија одиграа добар натпревар и стигнаа до победа. Македонија имаше предност во текот на целото прво полувреме кое на крајот го доби со 15:12.

    Во вториот дел македонија имаше предност до 21:17, но тогаш почнаа проблемите, а Швајцарија успе ада направи пресврт и да дојде до водство од 22:23. Сепак на крајот одлична завршница на младите ракометари на Македонија кои дојдоа до предност од 32:30, за на крајот да го завршат мечот со победа од 32:31.

    Во последното коло кое се игра в четврток, Македонија ќе биде голем фаворит за петта победа на шампионатот и потврда на првото место на меч против репрезентацијата на Естонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.