Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дејвид Вест, кој е двократен НБА шампион со тимот на „Воините“ одлучи да ја заврши својата 15 годишна НБА кариера.
38-годишниот кошаркар беше дел од шампион од од Калифорнија во 2017 и 2018, а пред тоа играше и за Њу Орлеанс Хорнетс, Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс.
Ветеранот не беше стандарден во тимот, но имаше сериозен удел во ротацијата на тимот. Минатата сезона ја заврши со просек од 6,8 поени и 3,3 скока по натпревар.