Ферари се уште не одлучил за иднината на Кими Раиконен, и покрај сериозните гласини дека Финецот може да си замине. Во текот на оваа сезона, се појавија шпекулации дека Кими следната сезона ќе биде заменет со некој од помладите пилоти во Ферари, но засега нема потврда на информациите.
Луис Камилери, новиот шеф на Скудерија, објави дека во оваа фаза се уште не е јасно што ќе се случи со Кими, а во голема мера се зависи од шефот Маурицио Аривабане.
„Се уште не сме одлучиле. Кога ќе го правиме тоа, медиумите веднаш ќе бидат известени. Сепак, ние не оставаме ова да се случи во последен момент. Ќе биде се завршено навреме“, изјавил тој.