Возачот на Ферари Кими Раиконен изненадувачки ја освои пол-позицијата на патеката „Монца“ каде утре се вози трката за ГН на Италија, која е 14-та трка на календарот од Формула 1 шампионатот.
Финецот зад себе ги остави главните конкуренти за шампионската титула Себастијан Фетел и Луис Хамилтон. Зад првата тројка пласман обезбедија Валтери Ботас, вториот пилот на Мерцедес, Макс Верстапен со Ред Бул и Роман Грожан од Хаас.
За Кими Раиконен ова е 19-та пол-позиција во кариерата, а доколку утре победи, тоа ќе биде 21. Победа за него.
Трката за ГН на Италија се вози утре со почеток од 15:10 часот. Во пресрет на оваа трка, Луис Хамилтон е лидер со 17 бода предност пред Себастијан Фетел.