Тимот на Минесота Тимбервулвс покажа засилен интерес за крилото Луол Денг. 33-годишниот Британец од суданско потекло стана слободен агент ова лето, па сега е на крстопат.
Денг добро го познава тренерот на Минесота, Том Тибодо, со кого заедно работеа во Чикаго Булс пред неколку години. Ако Тибодо успее да го донесе во Минесота, Денг ќе стане уште еден кошаркар кој играл и за Чикаго, и за Минесота под негово раковдоство, откако тоа веќе го направија Џими Батлер, Дерик Роуз, Џамал Крафорд и Таџ Гибсон.
Денг има 14 сезони во НБА лигата со просек од 15 поени и 6,1 скок по натпревар.