Рускиот професионален боксер во тешка категорија Александар Поветкин нема намера да ја прекине кариерата. 39-годишниот Поветкин го доживеа вториот пораз во 36-тиот меч и тоа на 22 септември во Лондон од Британецот, Ентони Џошуа, кој ги одбрани светските титули во верзиите – (WBA Super, WBO, IBF и IBO).
„Имам желба и ќе продолжам да боксувам. Во одлична здравствена состојба сум. Немам намера да запрам со боксот”, напиша Русинот на – „Инстаграм“.
„Наредниот меч ќе ми биде најверојатно во април во Англија. Сеуште не знам против кого. Тешко е да се каже уште колку ќе боксувам. Мислам дека тоа ќе зависи од моето расположение“ – напишал Поветкин.

