Пилотот од академијата на Ред Бул, Дан Тиктам, кој во изминатиот викенд победи на трката на улиците на Макао , ќе направи деби во завршницата на шампионатот во Формула 2 која ќе биде реализирана во Абу Даби.
19-годишниот натпреварувач не успеа да го победи Мик Шумахер во Формула 3 во тековнава сезона, но, по неговата победа во Макао доби подарок од Ред Бул. Учеството на Тиктам во Формула 2 беше потврдено и од страна на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА). Се очекува Тиктам во наредната сезона да вози во јапонските серии – Супер Формула. З
апрашан дали може паралелно со Супер Формула да биде конкурентен и во Формула 2, Тиктам одговори дека тоа би го направил со задоволство.Младиот возач беше поврзуван и со Торо Росо во Формула 1, но не ја доби потребната лиценца.

