Скијачот од Австрија, Макс Франц, победи во премиерниот спуст во новата сезона кој беше реализиран во канадскиот зимски центар – Лејк Луис.
Тој обезбеди време од 1:46,18 минути што беше доволно за првото место. Италијанецот, Кристоф Инерхофер, заврши на второто со заостанување од 0,028 секунди додека третото го освои неговиот сонародник, Доминик Пари.
За 29-годишниот Франц кој е носител на бронза од СП во Сент Морис, тоа беше втора победа во Светскиот куп. Првата ја обезбеди во Вал Гардена во декември во 2016 година. На истата патека во Лејк Луис во текот на викендов треба да се реализира и трката во „супер-џи“.

