Победникот на фудбалскиот Копа Либертадорес најверојатно ќе го дознаеме доцна вечер по реваншот меѓу аргентинските тимови Ривер Плата и Бока Јуниорс откако нивната вчерашна пресметка беше одложена поради серијата инциденти што ги предизвикаа фановите на Ривер.
Тие на два часа пред мечот го каменуваа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери од кои двајца завршија во болница. Дивеењето на навивачите кои имаа „блиска средба“ и со полцијата кулминираше околу стадионот – „Монументал“.Таму хулиганите ја искористија шанса да ограбат и неколку автомобили.
Ќе потсетиме дека првиот меч меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс заврши нерешно 2 спрема 2. Според непотврдени информации, гостите кои беа цел на нападите, воопшто не сакаат да го реализираат возвратниот натпревар.

