Кошаркарите на шампионот Голден Стејт синоќа како гости без поголеми проблеми ја совлада Индијана со 132-100 и стигнаа до 36. победа сезонава. Предводени од одличниот Стеф Кари кој постигна 26 поени, „Воините“ продолжуваат да ја предводат листата на најдобрите тимови на Западот.
Покрај Кари одличен меч одигра и ДеМаркус Казинс, кој постигна 22 поени, додека кај домашните, Богдановиќ постигна 15 поени. Денвер на гостувањето кај Мемфис славеше со 95-92, а уште еден добар натпревар одигра Никола Јокиќ, кој постигна 24 поени и пет скокови.
Победи обезбедија и Шарлот кој беше подобар од Њујорк со 101-92, Бостон кој го совлада Бруклин со 112-104, како и Атланта која триумфално мина во Лос Анџелес и го изненади Клиперс со 123-118.