Легендарниот фински ски-скокач Мати Никекен, почина во 55. година од животот. Никенен беше четрикратен носител на златен олимписки медал од Игритe во Сараево 1984 и Калгари 1988 година и важеше за еден од најголемите ски-скокачи во историјата, починал рано утринава.
Според известувањата на медиумите, Никекен во петокот имал настап со својот бенд и како и секогаш бил расположен.
„Шоуто помина одлично, а Никенен ја имаше сетата таа позитивна енергија. Ова е голем шок за мене“, изјавила Еија Нутинене, сопственичката на ресторанот каде Мати и неговиот бенд настапувале пред само два дена.
Причината за смртта засега не е позната.