Повредата на клучниот кошаркар на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг не е сериозна, и тој наскоро ќе се врати во составот на тимот, објавија од клубот.
Ирвинг доби повред ана десното колено на мечот со екипат ана ЛА Клиперс и веднаш беше подложен на снимање, кое покажало дека има мало оштетување, но тоа нема да биде пречка за негово брзо враќање на паркетот. Оваа сезона, играчот веќе пропушти 9 натпревари поради различни здравствени проблеми.
Претходно, тој имаше неколку операции на левото колено.