Светскиот шампион во ски-скокови, Норвежанецот Даниел Андре Танде, поради повреда, ќе биде принуден да се откаже од сите натпреварувања до крајот на сезоната, соопштија од Меѓународната Скијачка Федерација. Тоа го потврди и самиот натпреварувач пред утрешната свечена церемонија со која ќе започне Светскиот шампионат.
„Многу ми е жал што ќе ги пропуштам натпреварите. Проблемите со коленото ме натераа да донесам таква одлука. Треба да се помирам дека ќе седам пред телевизорот и дека ќе гледам како другите се се борат за медалите” – изјави Танде.
25-годишниот Норвежанец го освои златниот медал во тимска конкуренција на Олимпијадата во Пјог Јанг во 2018 година.

