Шарл Леклер за прв пат во кариерата освои пол-позиција во Формула 1 откако беше најбрз на квалификациите за утрешната трката во Бахреин.
Новиот член на Ферари успеа да постигне нов рекорд на патеката – „Сакир“ соборувајќи го досегашниот на неговиот клупски колега, Себастијан Фетел, кој денеска имаше второ најдобро време. Пилотот на Ферари е вториот најмлад возач во историјата на Ф1 кој стигнал до пол-позиција. Тое е воедно и најмладиот возач на Ферари кој обезбедил таков успех. Зад двоецот на Ферари, Ле Клер-Фетел, се пласираа Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Мерцедес.
Место во Топ 10 обезбедија и: Ферстапен, Магнусен, Саинц, Грожан, Раиконен и Норис од тимот на Мекларен. Трката за Големата награда на Бахреин ќе биде возена в недела на патеката „Сакир“ во 17.00 часот.

