Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар вечерва против ППД Загреб по својата 5-та СЕХА титула
    Ракомет

    Вардар вечерва против ППД Загреб по својата 5-та СЕХА титула

    risteBy riste03/04/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, вечерва го очекува последниот натпревар од оваа сезона во СЕХА Гаспром лигата, финалето против екипата на ППД Загреб кое го играат во Брест, Белорусија.

    Нашите ракометари синоќа во интересен натпревар го совладаа домашниот тим на Мешков со 25:23, додека ППД Загреб беше подобар од Нексе со 28:23. Со овие победи Вардар и Загреб си закажаа уште една пресметка за титулата во СЕХА лигата, нешто што имаа и минатата година во Скопје кога Вардар славеше со 26:24.

    Македонскиот прва и актуелен шампион на СЕХА лигата  има шанса да ја освои титулата во ова натпреварување по трет пат во серија или 5-ти во својата историја, но за тоа да се случи ќе мора да ги заборават натпреварите кои ги одиграа против истиот противник пред само неколку дена кога славеа на двата натпревари во 1/8  финалето од Лигата на шампионите кога победија во Загреб со 27:18 и во Скопје со 32:30.

    За Вардар треба да биде предупредување тоа што ППД Загреб е еден од ретките тимови во СЕХА лигата кој ги има совладано, а од друга страна мотивот кај ракометарите од Хрватска ќе биде голем за да му се реваншираат на Вардар за убедливиот пораз во ЛШ. Токму затоа и од страна на нашите ракометари не сакаат да веруваат во лесен натпревар затоа што сепак ова е финале, една средба која може да ја одлучи една топка, еден гол или една одбрана на голманите.

    Средбата меѓу Вардар и ППД Загреб се игра вечерва во 19 часот во Брест, а како предигра на ова финале се игра и мечот меѓу Мешков Брест и Нексе од 16.30 часот, а тој натпревар е за 3.место во СЕХА лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.