Во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија во НБА плеј-офот, кошаркарите на Оклахома на домашен терен загубија од тимот на Портланд со 98: 111 и со тоа им овозможија на противниците да дојдат на победа до пласманот во следната рунда.
Гостите беа подобри во сите четири четвртини и на крајот ја обезбедија третата победа во четвртиот дуел од плеј-офот. Најпродуктивен играч на средбата беше Пол Џорџ, кој имаше дабл-дабл учинок од 32 поени и 10 скока, додека на спротивната страна беше феноменалниот Џеј Џеј МекКалум, кој постигна 27 поени. 24 поени останаа зад името на Демиен Лилард.
Портланд поведе во серијата со 3:1, исто како и кошаркарите на Голден Стејт кои синоќа славеа на гости кај ЛА Клиперс со 113:105. На овој меч Дјурант со 33 и Томпсон со 32 поени беа предводници на шампионот до победа.
На гости славеа и кошаркарите на Торонто со 107:85 против екипата на Орландо и исто така обезбедувајќи победа за предност од 3:1 во серијата. Единствени кои веќе се во полуфиналната фаза по конференции се кошаркарите на Бостон, кои во четири меча го елиминираа тимот на Индијана. Селтикс синоќа славеа на гости кај Индијана со 110:106 и со тоа дојдоа до 4:0 во серијата и први се протнаа во следната рунда.