Возачите на Феари во Формула 1, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе добијат нови мотори и тоа многу порано од предвидениот термин.
Откако Мерцедес победи во сите четири трки во новата сезона а Ферари константно имаше механички и електронски проблеми, челнците на италијанскиот состав донеле одлука да ги активираат новите мотори кои имаа различен систем за гориво кој треба да придонесе за подобри перформанси и поголема брзина.
Возачите на Ферари во првите четири трки успеаа во три наврати да се искачат на најниското место на пиедесталот. Тоа го направи Фетел во Кина и Азаебејџан а Леклер во Бахраин. Наредната трка ќе биде возена на 12 мај за Големата награда на Шпанија.