Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»МЗТ Скопје ја освои 7-та шампионска титула
    Кошарка

    МЗТ Скопје ја освои 7-та шампионска титула

    risteBy riste13/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на МЗТ Скопје се нови шампиони на Македонија откако го победија Работнички со 85:78 и со максимални 3:0 го совладаа вечниот ривал Работнички во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

    На тој начин МЗТ Скопје му се реваншираше со иста мера на Работнички за минатогодишниот пораз од 3:0 во ланското финале.  Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов ја освои првата шампионска титула во кариерата во првенството, а успеа да го надмудри еден од најуспешните тренери во нашата земја Марин Докузовски. За МЗТ Скопје ова е седма титула во историјата на клубот.

    Натпреварот беше решен во последната четвртина, иако и двата тима имаа свои минути во текот на мечот. Првиот период беше во знакот на МЗТ Скопје, но во вториот возврати Работнички и на одмор заминаа со предност од 54:46.

    Сепак одлична игра на МЗТ Скопје во третиот период кој го добија со 22:9 и се вратија во игра за победа. Во финишот од натпреварот кошаркарите на МЗТ Скопје беа многу по присебни и не дозволија Работнички да ја намали нивната предност ина крајот победија со 85:78.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.