Кошаркарите на МЗТ Скопје се нови шампиони на Македонија откако го победија Работнички со 85:78 и со максимални 3:0 го совладаа вечниот ривал Работнички во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
На тој начин МЗТ Скопје му се реваншираше со иста мера на Работнички за минатогодишниот пораз од 3:0 во ланското финале. Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов ја освои првата шампионска титула во кариерата во првенството, а успеа да го надмудри еден од најуспешните тренери во нашата земја Марин Докузовски. За МЗТ Скопје ова е седма титула во историјата на клубот.
Натпреварот беше решен во последната четвртина, иако и двата тима имаа свои минути во текот на мечот. Првиот период беше во знакот на МЗТ Скопје, но во вториот возврати Работнички и на одмор заминаа со предност од 54:46.
Сепак одлична игра на МЗТ Скопје во третиот период кој го добија со 22:9 и се вратија во игра за победа. Во финишот од натпреварот кошаркарите на МЗТ Скопје беа многу по присебни и не дозволија Работнички да ја намали нивната предност ина крајот победија со 85:78.