Ракометниот клуб Еурофарм Работник доби одлични вести од ЕХФ, а тоа е дека нивната апликација за „вајлд карта“ за учество во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ е прифатена.
На тој начин оваа екипа ќе биде вториот македонски преставник во Лигата на шампионите во новата сезона. Македонија изминативе неколку години редовно има по два учесника во Лигата на шампионите, но за разлика од претходните години, откако Еурофарм Работник го симна од втората позиција на табелата во Супер лигата тимот на Металург и обезбеди пласман во СЕХА лигата и еврокуповите, сега доби зелено светло од ЕХФ за учество во Лигата нашампионите.
Тоа значи дека салата „Боро Чурлевски“ во Битола повторно ќе биде домаќин на ракометните шампиони. Последен патво Битола се играше натпревари во Лигата на шампионите кога Пелистер во сезоната 2005/06 беше дел од ова натпреварување, а во Битола гостуваа Портланд Сан Антонио, Загреб и Кадетен Шафхаузен.
Без да ја знаат оваа одлука на ЕХФ, раководството на Еурофарм Работник и тренерот Стевче Алушовски под полна пареа работеа на градењето на моќен тим кој ќе може да се натпреварува на повеќе фронта. Досега своите редови ги засилија со македонските репрезентативци Никола Митревски, Мартин Велковски и Бојан Маџовски, како и словенечкиот интернационалец Анже Ратајац.
Оваа одлука на ЕХФ може само дополнително до го мотивира Еурофарм Работник за нови засилувања. Освен нашиот преставник. показа за учество во Лигата на шампионите добија уште и ГОГ Гудме, Бидасоа Ирун, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон и Кристијанштад.