Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Работник ќе биде дел од Лигата на шампионите на ЕХФ
    Ракомет

    Еурофарм Работник ќе биде дел од Лигата на шампионите на ЕХФ

    risteBy riste21/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометниот клуб Еурофарм Работник доби одлични вести од ЕХФ, а тоа е дека нивната апликација за „вајлд карта“ за учество во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ е прифатена.

    На тој начин оваа екипа ќе биде вториот македонски преставник во Лигата на шампионите во новата сезона. Македонија изминативе неколку години редовно има по два учесника во Лигата на шампионите, но за разлика од претходните години, откако Еурофарм Работник го симна од втората позиција на табелата во Супер лигата тимот на Металург и обезбеди пласман во СЕХА лигата и еврокуповите, сега доби зелено светло од ЕХФ за учество во Лигата нашампионите.

    Тоа значи дека салата „Боро Чурлевски“ во Битола повторно ќе биде домаќин на ракометните шампиони. Последен патво Битола се играше натпревари во Лигата на шампионите кога Пелистер во сезоната 2005/06 беше дел од ова натпреварување, а во Битола гостуваа Портланд Сан Антонио, Загреб и Кадетен Шафхаузен.

    Без да ја знаат оваа одлука на ЕХФ, раководството на Еурофарм Работник  и тренерот Стевче Алушовски под полна пареа работеа на градењето на моќен тим кој ќе може да се натпреварува на повеќе фронта. Досега своите редови ги засилија со македонските репрезентативци Никола Митревски, Мартин Велковски и Бојан Маџовски, како и словенечкиот интернационалец Анже Ратајац.

    Оваа одлука на ЕХФ може само дополнително до го мотивира Еурофарм Работник за нови засилувања. Освен нашиот преставник. показа за учество во Лигата на шампионите добија уште и ГОГ Гудме, Бидасоа Ирун, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон и Кристијанштад.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.