Денеска на патеката –„Пол Рикард“ ќе бидат возени официјалните квалификации за пол-позиција за утрешната главна трка во Формула 1.
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој доминираше на вчерашните неофицијални тренинзи, проценува, дека Ферари може да му направи проблеми на неговиот тим на трката за Големата награда на Франција.
„Тука има навистина многу долги делови. Видовме дека Ферари на отворен и прав пат има предност. Мислам дека не сме фаворити“ – потенцираше Ботас пред утрешната трката за Големата награда на Франција која ќе започне во 15.10 часот.

