Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија ги чека противниците за Европското првенство 2020 година
    Ракомет

    Македонија ги чека противниците за Европското првенство 2020 година

    risteBy riste28/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација ја очекува настап на ЕП во јануари 2020 година, а денеска ќе ги дознае своите противници за групната фаза од ова ЕП.

    Селектор Данило Брестовац и неговите избраници ги очекува нов голем предизвик на Европското првенство кое се игра на почетокот на идната година во Австрија, Норвешка и Шведска.

    Нашите најдобри ракометари вечерва од вториот шешир ќе ги очекуваат своите противници, а на маса има само две опции – да играат групна фаза во Австрија или Шведска. Третата опција Норвешка е исклучена со оглед на тоа што Германија и Норвешка ќе играат во групата во Трондхајм, а двете селекции се дел од вториот шешир, исто како и Македонија, па затоа не може да бидат наши ривали во првата фаза.

    Според распоредот на шеширите за нашите ракометари најдобро би било да бидат дел од групите во Австрија (Грац или Виена). Во Грац би можеле да играме против Хрватска, а во Виена против домашната репрезентација на Австрија. Од друга страна доколку играме во Шведска наши можни противници се Данска, Португалија, Исланд или пак Русија.

    Ждрепката за ЕП е закажана за денес од 18:45 часот и ќе се одржи во Виена, додека натпреварите на Европското првенство ќе се играат во периодо од 9 до 26 јануари 2020 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.