Македонската ракометна репрезентација ја очекува настап на ЕП во јануари 2020 година, а денеска ќе ги дознае своите противници за групната фаза од ова ЕП.
Селектор Данило Брестовац и неговите избраници ги очекува нов голем предизвик на Европското првенство кое се игра на почетокот на идната година во Австрија, Норвешка и Шведска.
Нашите најдобри ракометари вечерва од вториот шешир ќе ги очекуваат своите противници, а на маса има само две опции – да играат групна фаза во Австрија или Шведска. Третата опција Норвешка е исклучена со оглед на тоа што Германија и Норвешка ќе играат во групата во Трондхајм, а двете селекции се дел од вториот шешир, исто како и Македонија, па затоа не може да бидат наши ривали во првата фаза.
Според распоредот на шеширите за нашите ракометари најдобро би било да бидат дел од групите во Австрија (Грац или Виена). Во Грац би можеле да играме против Хрватска, а во Виена против домашната репрезентација на Австрија. Од друга страна доколку играме во Шведска наши можни противници се Данска, Португалија, Исланд или пак Русија.
Ждрепката за ЕП е закажана за денес од 18:45 часот и ќе се одржи во Виена, додека натпреварите на Европското првенство ќе се играат во периодо од 9 до 26 јануари 2020 година.