Со малку среќа и одлично возење Луис Хамилтон направи нов чекор кон 6-тата светска титула, триумфираше на домашното Гран При на Велика Британија.
Британецот успеа да го користи безбедносното возило и го победи својот колега Валтер Ботас, кој водеше во првиот дел од трката.
Ова беше 80-та победа во кариерата за Луис Хамилтон и рекордна 6-та на патеката во „Силверстоун”, со што го надмина Џим Кларк и Ален Прост, кои исто така имаа по 5 победи на оваа патека.
Чарлс Леклер од Ферари заврши трет, а пилотите на Ферари и Ред Бул понудија неверојатни дуели на патеката, кулминација беше сударот меѓу Себастијан Фетел и Макс Верстапен кој сепак заврши 5-ти, а Фетел мораше да биде далеку од бодовите на оваа трка.
Во 38-от круг Макс Верстапен го нападна Себастијан Фетел и го претекна, потоа сепак Германецот не успеа да запре и удри во противникот одзади. Верстапен успеа да се врати на патеката 5-ти, изненадувачки без речиси никакви оштетувања, додека Себастијан Фетел со помала брзина влезе во боксот за промена на предно крило и гуми, за потоа да се врати последен.
До крајот немаше изненадувања и Хамилтон мирно триумфираше пред Ботас и Леклер, со што го зголеми бодовното конто на 223 поени, бидејќи направи и најбрз круг, додека клубскиот колега Ботас има 184 бода. Гасли и Верстапен завршија 4-ти и 5-ти, а бодови уште освоија Карлос Сајнц Јуниор, Даниел Рикардо, Кими Раиконен, Дани Квајт и Нико Хулкенберг.