Поранешниот борец во „UFC“, Абел Трухилјо, бил приведен од полицијата под обвинение за сексуална експлоатација на дете, објави – „ММА“.
Трухилјо, кој настапуваше со големите имиња од типот на Тони Фергусон и Хибиб Нурмагомедов, бил приведен уште на 16 јуни, но, веста се дознала дури денеска. Наводниот инцидент се случил во Колорадо.
Ќе потсетиме дека тоа не е прв непријатен настан со кој се поврзува Трухилјо кој се натпреваруваше во „УФЦ“ шампионатот од 2012 до 2017 година. Тој двапати беше приведен за семејно насилство врз мајката на неговото дете.