Репрезентативецот на Британија, Адам Пити, е првиот пливач што успеал да ја помине патеката од 100 метри градно за помалку од 57 секунди.
Тоа се случи во полу-финалето на Светското првенство во Јужна Кореја кога Пити постави време од 56.88 секунди со што го собори досегашниот светски рекорд од 57.10 секунди кој исто така беше во негова сопственост поставен на митинг во Глазгов.
Треба да се потенцира дека актуелниот Олимиски шампион во последниве пет години на големите меѓународни натпреварувања нема пораз.