Актуелниот бранител на титулата во Формула 1, Луис Хамилтон, се наврати на вчерашната трка во Германија која ќе остане запаметена по лошото време и повеќето инциденти кои им донесоа полни раце работа на стјуардите.
„Имав лош ден, лош викенд. Немам што да кажам, долго, долго време не сум имал толку лоша трка. Секој нов ден е лекција, не знам што точно се случи, но, мило ми е што се заврши. Се удрив во ѕидот и морав да чекам да ми се наместат гумите, што беше мој пропуст. Потоа ми беа ставени погрешни гуми“ вели Британецот.
„Целиот лош настап е комбинација на многу работи и мило ми е што овој лош викенд за нас конечно заврши“ – истакна Хамилтон кој не влезе меѓу првите десет, но, сепак освои бодови откако дел од возачите пред него беа казнети по завршувањето на трката.