Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија убедлива против Естонија за пласман во полуфинале
    Кошарка

    Македонија убедлива против Естонија за пласман во полуфинале

    risteBy riste02/08/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со одличните игри и победи на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Орадеа, Романија.

    Македонија денес во ¼ финалето убедливо ја совлада Естонија со 92:57 и се пласираше во полуфиналето.

    Македонија во нитуе еден момент не ја донесе во прашање победата на оваа средба, отакако одлично го почнаа натпреварот и првата четвртина ја решија во своја корист од 30:6, за да на полувреме заминат со предност од 58:32 и со тоа да стават точка на било каква неизвесност  на оваа средба.

    Најдобар во триумфот над Естонија повторно беше Јакимовски со постигнати 17 поени и 10 скока, а го следеа Андоноски со 16 поени, Исајлоски имаше 11, додека Миловановиќ и Зекири завршија со по десет поени.

    Наредниот натпревар е полуфиналето, кој е клучен за пласман во повисок ранг, па затоа „момчињата“ на Тони Симиќ ќе мора да победат против подобриот од дуелот меѓу Израел и Шведска. Полуфиналниот натпревар Македонија го игра утре со почеток во 19.45 часот. Во А-дивизијата ќе играат најдобрите три селекции на ЕП Б-дивизија во Орадеа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.