Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со одличните игри и победи на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Орадеа, Романија.
Македонија денес во ¼ финалето убедливо ја совлада Естонија со 92:57 и се пласираше во полуфиналето.
Македонија во нитуе еден момент не ја донесе во прашање победата на оваа средба, отакако одлично го почнаа натпреварот и првата четвртина ја решија во своја корист од 30:6, за да на полувреме заминат со предност од 58:32 и со тоа да стават точка на било каква неизвесност на оваа средба.
Најдобар во триумфот над Естонија повторно беше Јакимовски со постигнати 17 поени и 10 скока, а го следеа Андоноски со 16 поени, Исајлоски имаше 11, додека Миловановиќ и Зекири завршија со по десет поени.
Наредниот натпревар е полуфиналето, кој е клучен за пласман во повисок ранг, па затоа „момчињата“ на Тони Симиќ ќе мора да победат против подобриот од дуелот меѓу Израел и Шведска. Полуфиналниот натпревар Македонија го игра утре со почеток во 19.45 часот. Во А-дивизијата ќе играат најдобрите три селекции на ЕП Б-дивизија во Орадеа.